По триумфалниот настап на Фајнл фор турнирот во Келн и освоената титула Европски шампион, ракометарите на Вардар заслужуваат и ќе добијат топл пречек при враќањето во Скопје.
Такво нешто организира навивачката група Комити, коишто ги повикуваат сите ракометни и спортски фанови, но и граѓани што се израдуваа од успехот на Вардар, по 22 часот да бидат на меѓународниот аеродром Скопје в понеделник (трети јуни) по 22 часот.
Како што објавија од навивачката група, ракометарите на Вардар својот пат назад ќе го почнат од од Дизелдорф од каде полетуваат во 18.50 часот, по што преку Виена треба да пристигнат во Скопје околу пет минути пред полноќ.
Од Комити најавија дека во текот на денот ќе биде одредено место за собирање од каде организирано ќе се тргне кон аеродром.
Comments are closed for this post.