Македонија повторно е во игра за Европското првенство. По бодот во Изреал следуваше победа во Рига против Летонија 0-2.
Сега имаме осум бодови и сме речиси изедначени со Австрија и Словенија и до последното коло нема да се знае кои две селекции ќе одат на ЕП.
Македонија ја оправда фаворитската улога и рутински славеше. Лесно се доаѓаше до шанси, посебно од крилните позиции но за тоа е заслужна летонска одбрана која играше премногу длабоко и со тоа им оставаше простор на нашите фудбалери за брз напад.
Елмас, Барди и Адеми и Алиоски беа најдобрите поединци за нашата селекција која следниот предизвик ќе го има во октомври со Словенија во Скопје и со Полска нагости.
Comments are closed for this post.