Извршниот комитет на УЕФА денеска и официјално укина една од најстарите правила во фудбалска Европа, поточно предноста која им се даваше на постигнатите голови на гостински терен во европските натпреварувања.

Раководството ја прифатило сугестијата на натпреварувачките комисии, па во иднина ќе има многу поинаков тек во нокаут фазите, а веројатно и повеќе продолженија и пенали поради фактот што головите на гостински терен ќе се вреднуваат исто како и тие постигнати дома.

Одлуката стапува на сила веднаш и ќе ги опфати сите натпревари од европските купови во сезоната 2021/22.

Головите на гостински терен нема да носат предност и при одредувањето на пласманот во групните фази, што значи дека во такви ситуации при исти бодови ќе одлучуваат другите критериуми поврзани со гол разликата.

Правилото важеше од 1965 година