Вардар синоќа ја почна серијата гостувања во Лигата на шампионите, црвено-црните гостуваа кај Порто во Португалија.
Порто беше фаворит, но Вардар прикажа добра игра и во најголем дел од натпреварот момците на Алушовски беа рамноправен противник. Вардар започна одлично и дојде до +4 (1:5). Сепак во продолжение Порто се врати и се играше гол за гол, па на полувреме се замина со 13:13.
Со една серија од 4:0 Порто на на почетокот од вторите 30 минути направи предност од 17:13. Дојдоа Португалците потоа и до 21:16. Вардар не се предаваше и благодарение одличните интервенции на Ристовски и головите на Дибировмакедонскиот претставник се врати во игра.
Comments are closed for this post.