Иако македонската репрезентација беше рамноправен противник во текот на целиот меч, сепак доживеавме висок пораз од Чешка,  во квалификациите за Европското првенство 2020.

Се чини дека на нашите ракометарки им треба уште малку самодоверба за да можат да бидат конкурентни на европска сцена.

Селекторот на нашата репрезентација Симе Симовски смета дека резултатот од 29-37 не е реален и оти ракометарките го дале максимумот и ќе продолжат да работат вредно за следните натпревари.