Пред 30 години Југославија за последен пат стана кошаркарски светски првак.Во финалето во Аргентина го совладаа Советскиот сојуз. Југославија имаше страшен тим со Дивац, Дражен Петровиќ, Кукоќ, Раџа…

По убедливата победа некој од публиката влезе и го вееше хрватското знаме. Дивац тоа го забележа и го грабна знамето. Подоцна се дозна дека тоа бил Хрватски мигрант од Аргентина.Тој призна дека Дивац го грабнал знамето но не и дека го фрлил.

Но, тоа трагично го сфати Дражен Петровиќ и му се налути на Дивац иако беа најдобри пријатели. Тие никогаш не прозбореа иако и двајцата играа во НБА лигата.Нивното пријателство беше опишано во филмот „Еднаш браќа“ во кое говори и мајката на Дражен, Бисера Петровиќ.