Премиерот Заев денеска на Скопскиот економски форум рече дека направил грешка кога кажал „македонската репрезентација“ бидејќи како што рече, тоа е во спротивност со Преспанскиот договор.

– Секогаш праќам пријателски пораки, верувам во Преспанскиот договор, го направив заедно со пријателот Алексис Ципрас и јас сум првиот што го следи, некогаш се случува да направам грешка, имам 46 години, се случува да го спомнам тоа во една реченица и да го повторам некогаш – рече Заев.