Фудбалерите на Спортинг убедливо со 3:0 ја совладаа Боависта во 24. коло од португалскиот шампионат, а мечот го одбележа маестралниот гол на Нуно Сантош.
Фудбалерот на Спортинг го постигна најубавиот гол во кариерата во 17. минута од натпреварот.
По еден аут од десната страна, топката стигна до 28-годишниот фудбалер, кој ја фати со популарниот „рабон“ од 12 метри од противничкиот гол и ја затресе мрежата.
Овој гол сигурно ќе биде во конкуренција за најубави во сезоната.
Уживајте во мајсторијата на асот на Спортинг!
Nuno Santos DE LETRA! Obra de arte 🥵
— B24 (@B24PT) March 12, 2023
Comments are closed for this post.