Францускиот фудбалер од редовите на Мачестер Јунајатед Пол Погба открива дека доста се преиспитувал пред да го прифати исламот и да го најде внатрешниот мир.

И покрај тоа што неговата мајка е муслиманка тој не е воспитуван како муслиман. По тешкиот перод во животот Французинот одлучил да го истражи исламот.  Како што пишува “Дејли Мејл” Французинот смета дека таа одлука му помогнала за да стане подобра личност.

Тоа ми е се. Ме натера да се променам. Претпоставувам дека поради тоа пронајдоов внатрешен мир.Тоа е добра промена во мојот живот бидејќи не сум роден како муслиман и покрај тоа што мојата мајка е муслиманка.  Ислам не е она што го гледаат сите, тероризам. Исламот е нешто преубаво. Кога ќе го откриете сфаќате дека секој може да се чувствува поврзан со исламот.