Пол Погба и Давид де Хеа бараат поголеми плати во Манчестер Јунајтед, пишува „Тајмс“.

Авторитетниот весник тврди дека ако „црвените ѓаволи“ не завршат во топ 4, што е нивната единствена можност да се квалификуваат за ЛШ, тогаш платите на сите играчи во составот ќе бидат намалени за 25 отсто. Таков беше случајот и во 2016 година, кога тимот за последно пропушти да си обезбеди учество во најпрестижниот клубски турнир.

Токму тоа било причината двајцата фудбалерда побараат зголемување на примањата.

Договорот на Погба е за уште две години, со тоа што францускиот репрезентативец добива 290.000 фунти неделно.  Од друга страна, договорот на Де Хеа истекува на крајот на следната сезона. Шпанецот претендира за поголема сума од тие 200.000 фунти, кои ги заработува сега за недела.