Македонската репрезентација до 19 години вечерва ги продолжува настапите на Светското првенство кое се одржува во Скопје. Противник вечерва е Нигерија и тоа е можност за прва победа. Мечот се игра од 20 и 30 часот во арената „Борис Трајковски“.

Завчера Македонија беше изненадена од Аргентина иако оваа репрезентација е тотален аутсајдер на ова првенство.