Додека се бори со Лионел Меси, раководството на Барселона мора да се справи со уште еден голем проблем. Полицијата во Каталонија се обрати до судот за можна злоупотреба од Управниот одбор на клубот. Станува збор за скандалот „Барсагејт“, кој избувна во април годинава, но тогаш работите се смирија поради коронавирусот.
Претседателот Пеп Марија Бартомеу и другите членови на раководството се обвинети за финансиска измама во врска со договорот со компанијата „I3 Ventures“, која наводно била ангажирана од клубот за да се грижи за имиџот на претседателот, како и да го наруши авторитетот на личности како Лионел Меси, неговата сопруга Антонела Рокузо, Жерар Пике, Чави Ернандез, Карлес Пујол, Пеп Гвардиола и Жоан Лапорта.
Извештајот открива дека Барселона на „I3 Ventures“ му платила исклучително висока сума – 980.000 евра. Извештајот покажува дека компаниите обично наплатуваат од 120.000 до 150.000 евра за вакви консултантски услуги. Предметната сума била поделена на пет фактури од по 198.000 евра. Ова е направено со цел секоја фактура да не надминува 200.000 евра и со тоа да не биде разгледувана од контролен комитет. Договорите се потпишани со пет различни компании поврзани со „I3 Venture“. Условите во нив биле идентични
Comments are closed for this post.