Ненад Зимоњиќ веќе не е тренер на Новак Ѓоковиќ. По разделбата со Горан Иванишевиќ ова е втор тренер кој доби отказ од најдобриот рекет на светот.
Зимоњиќ ја образложи разделбата со Новак.
– Беше големо задоволство да се работи со Новак изминативе пет недели. Работевме заедно многу добро, му посакувам се најдобро на Ролан Гарос. Се надевам дека ќе игра како што сака, како што се надева и му посакувам да ја освои титулата – изјави Зимоњиќ.
Comments are closed for this post.