Денес во Нион се одржа ждребот за второто по ранг европско натпреварување, Лига Европа.
Една од најинтересните групи е „Ф“, во која влегоа и финалистот од претходното издание Арсенал и полуфиналистот Ајнтрахт Франкфурт. Стандард Лиеж и Виторија Гимараеш се другите екипи кои ќе се обидат да се квалификуваат за елиминациите.
Манчестер јунајтед ќе има тешки посети во Казахстан и Белград, откако „црвените ѓаволи“ се паднаа во група со Астана, Партизан и АЗ Алкмар.
Петкратниот освојувач на трофејот, Севиља имаше среќа и се најде во групата „А“, во која се уште АПОЕЛ, Карабах и Дуделанж.
Групата „Е“ исто така изгледа интересно. Таа ги вклучува Лацио, Селтик, Рен и Клуж.
Еве ги сите 12 групи во кои беа распределени 48-те екипи вклучени во групната фаза на ЛЕ:
Група А: Севиља, АПОЕЛ, Карабах, Дуделанж
Група Б: Динамо Киев, Копенхаген, Малме, Лугано
Група Ц: Базел, Краснодар, Хетафе, Трабзонспор
Група Д: Спортинг (Лисабон), ПСВ Ајндховен, Розенборг, ЛАСК
Група Е: Лацио, Селтик, Рен, Клуж
Група Ф: Арсенал, Ајнтрахт Франкфурт, Стандард Лиеж, Виторија Гимараеш
Група Г: Порто, Јанг Бојс, Феенорд, Ренџерс
Група Х: ЦСКА Москва, Лудогорец, Еспањол, Ференцварош
Група И: Волфсбург, Гент, Сент Етјен, Олександрија
Група Ј: Рома, Борусија Менхенгладбах, Истанбул Башакшехир, Волфсбергер
Група К: Бешикташ, Брага, Волверхемптон, Слован (Братислава)
Група Л: Манчестер Јунајтед, Астана, Партизан, АЗ Алкмар
Ваквата група во која влезе Партизан ветува атрактивен фудбал во српската престолнина имајќи предвид дека Црвена Ѕвезда за противници во Лигата на шампиони ќе ги има Баерн Минхен, Тотенхем и Олимпијакос.
Comments are closed for this post.