Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ, најави дека останува на должноста и покрај неуспехот да го однесе тимот во нокаут фазата на Светското првенство во Катар.
Србија го заврши настапот на Мундијалот со пораз синоќа од Швајцарија (2-3) со само еден бод зад Бразил, Швајцарија (4) и Камерун (4) во групата Г.
– Сигурно дека ова не е резултат на кој се надевавме, но имајќи ги предвид сите проблеми кои ги имавме од доаѓањето на турнирот со повредени играчи и недоволна физичка подготвеност, очигледно тоа беа преголеми проблеми за нас. Играчите се бореа колку што можеа, дадоа сè уште од себе, но за ова ниво на натпреварување тоа не е доволно, изјави Стојковиќ.
Одговарајќи на новинарско прашање дали останува на селекторската клупа, Стојковиќ беше дециден дека не размислува за оставка.
– Секако дека останувам, во март ги почнуваме квалификациите за Европското првенство. Сакаме да се најдеме на тоа натпреварување по пауза од 24 години. Ќе бидам далеку по задоволен доколку сите мои играчи бидат здрави, рече Стојковиќ.
Comments are closed for this post.