Денеска од 16 часот се игра меч кој директно ќе го реши пласманот во Втората лига, поточно четвртиот ранг на професионалниот фудбал во оваа земја.

На едната страна Врексам. На прв поглед, обичен тим од пониските лиги сопственик на холивудската ѕвезда Рајан Рејнолдс.

Овој канадски актер е сопственик на Рексам од 2020 година, а сега има можност да напише вистинска историја

Од друга страна е екипата која сама по себе е историја. Нотс Каунти, најстариот клуб во Англија, сега има можност по три сезони да се врати во четвртата лига.

Ситуацијата е јасна, кој и да победи, најверојатно добива можност да испише нови страници во историјата на својот клуб. Нотс Каунти е прв на табелата со 100 бодови, исто толку колку што има и Рексам со натпревар помалку и три голови помалку.

Доколку Врексам слави како домаќин на овој меч, со победа во последниот натпревар би избегал на шест бода и би се заклучило прашањето за преселба во повисоко ниво.

Сепак, доколку Нотс Каунти триумфира, ќе биде значително поблиску до местото благодарение на минимум четири гола подобра гол разлика на три кола до крајот.

Интересно е што се работи за лига во која само една екипа може да обезбеди директна промоција во повисок ранг, додека следните шест одат во плеј-оф. Поточно, вториот и третиот ги чекаат победниците од четвртиот и седмиот, односно петтиот и шестиот дуел