Некогаш еден од најдобрите ракометари на светот, Ненад Перуничиќ, е нов селектор на ракометнта репрезентација на Србија. Прославениот играч и долгогодишниот тренер на Црвена звезда ќе биде на кормилото на националниот тим во следните четири години.

Перуничиќ како играч освои две бронзени медали со репрезентацијата на поранешна Југославија, на ЕП во 1996 во Шпанија и на Светското првенство во 1999 година во Египет. На Олимписките игри во 2000 година во Сиднеј го освои четвртото место.

Функцијата тренер на Црвена ѕвезда ја извршува од 2011 година. Со „црвено-белите“ го освои Купот и Супер Купот на Србија.