Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, постигна перфектен трипл-дабл учинок во победата на неговата екипа против Феникс санс со 119-91.
Српскиот центар го заврши мечот со 35 поени, 12 скокови и 11 асистенции и притоа имаше совршени 11 од 11 погодени шутеви од игра.
Со ваквиот перформанс, Јокиќ го запиша своето име во друштво на легендарниот Вилт Чемберлен, кој беше последниот кошаркар што остварил трипл-дабл со повеќе од 30 поени и без промашување од игра. На Чемберлен тоа му успеа на 24 февруари, 1967 година.
Comments are closed for this post.