Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид присуствува на 35. Охридски пливачки маратон што се одржува под негово покровителство, пишува на официјалната страна на Претседателот.

За потсетување традиционално Охридскиот пливачки маратон се одржува околу 20 ти август, а годинава неколку денови пред тоа, Претседателот одби да биде покровител, под изговор дека  Пливачката федерација на Македонија има блокирана сметка, обидувајќи се да ја отфрли вината од себе.