Фудбалерите на Партизан се пласираа во плејофот од Лигата на европа.Тие вечерва минимално се поразени од Малатија со 1-0 што беше доволно по победата од 3-1 на домашен терен.

Српскиот тим иако играше очајно сепак го издржа пеколот во Малатија при што на најголеми маки беше голманот Стојковиќ. Во домашниот тим еден од најдобрите играчи беше поранешниот македонски репрезентативец Едис Јаховиќ.