Екипата Вардар доживеа тежок пораз на гостувањето кај Кил со 34-23 (18-14) во првиот натпревар во Лигата на шампионите за тимот во 2020 година. На тој начин „црвено-црните“ го доживеа четвртиот пораз во низа во елитното натпреварување, по кој остануваат на шестата позиција во групата „Б“ со 9 бода.

Освен во првите неколку минути, кога играта беше изедначена, германскиот тим ја имаше иницијативата, го контролираше резултатот и заслужено оствари висока победа.

Иако во второто полувреме избраниците на Стевче Алушовски успеаја да намалат на -2 (18-16) техничките грешки и голманот на домаќините Ландин доведе до тоа популарните „зебри“ да поведат со високи 27:19, по што враќање назад немаше.

За нашиот тим Криштопанс погоди шест пати, додека Стоилов постигна 5. Кај победникот Екберг реализира осум гола, додека голманот Ландин запиша 15 одбрани.

Во следното коло, кое на програмата е на 15 февруари, македонскиот тим ќе биде домаќин на Мотор Запорожје