Бразилскиот напаѓач Матеус Куња ќе ја носи „10-та“ на Манчестер Јунајтед во новата сезона, потврдија од клубот. Досега дресот со бројот 10 го носеше Маркус Рашфорд, но тој ланската сезона (вториот дел) го има на позајмица во Астон Вила и е на излезна врата од клубот.
Куња во текот на преодниот рок дојде од Вулверхемптон за 74 милиони евра. Во ланската сезона на 36 натпревари постигна 17 голови за Вулверхемптон. За репрезентацијата на Бразил има одиграно 15 натпревари и постигнато еден гол.
Очекувањата се Куња да донесе позитивни промени во играта на Манчестер Јунајтед и избраниците на тренерот Рубен Аморим да остварат подобар пласман, откако ланската сезона ја завршија на 15.то место во Премиер лигата
Comments are closed for this post.