Британската полиција веќе разменила информации со своите шпански колеги, а домаќините ангажирале околу 4.500 полицајци, што е најголем број на ангажирани полицајци.
– За еден спортски настан, ова сигурно ќе биде најголемото распоредување на полицијата досега, со цел да гарантираме сигурност, изјави директорот на националната полиција Франциско Пардо.
И Британската полиција има намера да испрати свои агенти во Мадрид, а шефот на градската полиција на Лондон Ник Колин ги предупреди англиските навивачи доколку предизвикаат нереди дека ќе бидат уапсени и строго третирани од страна на шпанската полиција
Comments are closed for this post.