Двократната јужнокорејска шампионка во брзо лизгање Шим Сук – Хи обвинува дека нејизниот тренер ја силувал. ова е само едно од низата тврдења на повеќе јужнокорејски спортистки дека биле сексуално злоставувани од нивните тренери.
Ова денеска на прес денеска на прес – конференција во парламентот на Јужна Кореја го потврди и Групата “Солидарност за младите лизгачки”.
Јужнокорејската пратеничка Сон Хје Вон рече дека една од наводните жртви изјавила дека тренерот во повеќе наврати ја злоставувал додека како тинејџерка тренирала на Националниот спортски универзитет.
Пратеничката осѕавки од членовите на Национаниот олипмписики комитет да поднесат оставки бидејќи не успеале да ги заштитат спортистките.
Ова не е единствен скандал со сексуално злоставување на спортистки. Освен лизгачките, спортистките кои се занимаваат со џудо, борење и теквондо во минатото ги обвинуваа тренерите. Исти обвинувања изнесоа и олимписките вицешампионки во карлинг.
Comments are closed for this post.