Таткото на Емилијано Сала, Орасио починал во Аргентина од срцев удар на 58 години.

Тој претрпел срцев удар додека бил во својот кревет и не можел да биде спасен од страна на болничарите.

Ова се случува само три месеци по трагичната смрт на неговиот син. Емилијано почина во јануари на 28 години во авионска несреќа на патот кон неговиот нов клуб Кардиф.