Фудбалскиот свет деновиве зборува за Ерлин Халанд, норвешкото чудо од дете. Тој како мал повеќе се интересирал за ракомет и за крос кантри но како што велат крвта не е вода и тргна по стапките на таткому кој во деведесеттите играше во Англија и стана фудбалер.
Патот му почнува преку Брине,Молде, Салзбург и сега Борусија Дортмунд. Важи за еден од најбрзите играчи во светот а има само 19 години.
Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд е прогласен за фудбалер на неделата по првите осминафинални мечеви во Лигата на шампиони.
Норвешкиот напаѓач на „милионерите“ ги постигна двата гола во триумфот над ПСЖ со 2:1, со кои го привлече сето внимание на европската јавност во штотуку облечениот „жолто-црн“ дрес на екипата од „Вестфален“
Comments are closed for this post.