По Новак Ѓоковиќ, Србија доби нова тениска ѕвезда. Тоа е до сега малку познатиот Ласло Ѓере. Тој вчера ја освои првата титула во кариерата на турниот во Рио. Приказната за Ласло не е ни малку розева, и тој тешко се пробивал во кариерата.
Немал доволно финансии да патува на турнири но сепак со многу труд успеја да влезе во првите 100 на АТП листата.
Сепак, најголем удар за него е смртта на родителите. Мајка му починала пред четири години , а татко му пред само два месеци. Сега најголемата поддршка на 23 годишниот Ласло се сестрата и девојката.
Првата титула во кариерата им ја посвети на родителите за кои дека знае дека се многу горди.
A moment Laslo Djere will never forget 🏆#RioOpen pic.twitter.com/jXfA3g4SKG
— Tennis TV (@TennisTV) February 24, 2019
Comments are closed for this post.