Тренерот на ФК Работнички, Жикица Тасевски не е задоволен од грешките што ги правеа неговите избраници во првите две кола од пролетниот дел на Првата македонска фудбалска лига.

„Противниците добиваат многу подароци од нас. Правиме грешки кои се недозволиви и ќе мораме да го задржиме фокусот во текот на целиот натпревар, Загубивме четири значајни бода на домашен терен во првите две кола и ќе мора тоа да го надоместиме со добри игри и резултати на наредните мечеви. Ќе работиме напорно и мора да се подобриме во периодот што следи,вели шефот на стручниот штаб“, Жикица Тасевски за клупскиот сајт на „романтичарите”.

Работнички вчера ремизираше (1:1) против Силекс по што има 28 бода и е четврти на табелата. Работнички во 21. коло ќе и гостува на Победа.