Каспер Руд ќе игра во финалето на Мастерсот во Монте Карло откако  го победи Новак Ѓоковиќ во полуфиналето.

Руд славеше по три сета, 6:4, 1:6, 6:4.

Руд брејкот го направи уште во првиот гем од мечот, а потоа имаше уште еден за водство од 4:1. Новак успеа да врати еден брејк, но не доби можност да го врати вториот и Руд го доби првиот сет со резултат 6:4.

Се виде дека Ноле не е доволно внесен во мечот што резултираше со пораз.Руд во финалето утре ќе игра со Гркот Циципас.