Вчера националниот тим на Србија во последната контролна средба пред стартот на Мундијалот го совлада Бахреин со убедливи 5:1. Избраниците на Стојковиќ со играта против Бахреин уште еднаш покажаа дека максимално подготвени го очекуваат премиерниот дуел на Светскиот шампионат против големиот фаворит за тронот, Бразил на 24 ноември.

Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, Србинот Новак Ѓоковиќ најави дека доаѓа во Катар на големото финале за да ја бодри својата репрезентација, а српскиот селектор на тоа му одговори.

Значи дека треба да стигнеме до финалето, за да не го разочараме Ноле, нели?Секој навива на свој напчин. Да повторам, мора да бидеме максимално подготвени, ако некој е подобар од нас, секако како спортисти ќе честитаме. Нема лесно да се предадеме, тоа е сигурно. Размислуваме за тоа, одиме од натпревар во натпревар. Имаме тешка група, но мора да веруваме. Ако можеме сакаме да освоиме доволен број бодови за да преминеме во нокаут фазата, изјави селекторот на Србија Драган Стојковиќ Пикси.