Поради професионалните обврски и турнирите во сосема различни делови од светот, врвните тенисери се принудени да поминуваат часови и часови на пат и во авиони. Таков е случајот со актуелниот најдобар играч на планетата Новак Ѓоковиќ

Првиот рекет на светот нема приватен авион, иако многу лесно без проблем можеше да си го дозволи. Очигледно на Ѓоковиќ му е многу позгодно да изнајмува авион кога патува, па со години е клиент на компанијата „Нетџетс“ која му обезбедува посебен превоз.

Покрај супериорниот комфор кој леталото им го овозможува на сите патници, опремен е и со интернет, како и катче со забавни содржини, така што може да се помине времето при долгите прекуокеански летови со гледање различни содржини.