Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос совладувајќи го Франциско Серундола со резултат 3:2!

Уште една нереална победа оствари српскиот тенисер – и покрај повредата! 6:1, 5:7, 3:6, 7:5, 6:3. Негов противник во четвртфиналето ќе биде подобриот од мечот Тејлор Фриц – Каспер Руд кој е во тек.