Тренерот на македонскиот фудбалски шампион Струга ТЛ, Ќатип Османи ги искажа своите впечатоци по натпреварот со Пјуник во Ереван. Стружани загубија со 3:1 и се елиминирани од Конференциската лига.
Третиот гол противничкиот ерменскиот тим го постигна 90+6. минута.
– Во првото полувреме не бевме на вистинското ниво. На противникот му дозволивме многу простор да не нападне пред нашиот гол и како резултат ги примивме двата гола. Благодарение на Ибрахим, успеавме да се вратиме на крајот од првото полувреме. Можам да кажам дека второто полувреме беше рамноправно, неколку пати се обидовме да ризикуваме кон противничкиот гол, но безуспешно. На крајот се случи тоа што се случи, го примивме и третиот гол со кој не елиминиравме од европските натпреварувања, изјави Османи.
Иако амбициите на Струга ТЛ беа многу поголеми, овој пат натпреварувањето го завршија во второто елиминациско коло. Победата од 2:1 на првиот меч во Охрид се покажа како недоволна за македонскиот претставник
Comments are closed for this post.