Српскиот центар Никола Јокиќ оствари нов трипл-дабл со што ги предводеше Денвер нагетс до победа на гости кај тимот со најдобар скор во НБА лигата, Торонто репторс, со резултат 106-103.

Популарниот „Џокер“ го заврши натпреварот со 23 поени, 15 асистенции и 11 скокови и на тој начин го засени учинокот на актуелниот најдобриот кошаркар во изминатат недела во Источната конференција, Кавај Леонард, кој мечот го заврши со 27 поени и осум скокови.

Резултати од синоќешните натпревари

Торонто – Денвер  103-106

Детроит – Оклахома сити  83-110

Атланта – Голден Стејт  111-128

Бруклин – Кливленд  97-99

Минесота – Хјустон  103-91

Њу Орлеанс – ЛА Клиперс  126-129

Њујорк – Вашингтон  107-110