Навивач на хрватскиот кошаркараки клуб Сплит постигна кош од половина терен на полувремето од натпреварот Сплит – Приморска и доби награда од 1200 ќебапи и 120 литри пиво. Се работи за наградна игра која трае повеќе месеци.

Почетната награда за постигнат кош на спротивната страна на теренот била 1000 ќебапи и 100 литри пиво, а за кош од центарот 500 ќебапи и 50 литри пиво. Со секој промашен шут наградата се зголемувала.