Најголемата бразилска ѕвезда Нејмар се прости од сега веќе поранешниот селектор Тите со крајно емотивна порака која ја објави на својот Инстаграм профил.
“Пред да се видиме лично, игравме еден против друг многу пати. А знаеш што? Мислев дека си многу досаден. Направи се за да ме победиш, дури и зборуваше лошо за мене. Сепак, судбината е смешна, те стави за тренер и ми даде број 10“, напиша Нејмар.
Славниот ас му се заблагодари на поранешниот тренер за се што направи за него.
„Те знаев како тренер и знаев дека си добар, но како личност си многу подобар. Ме запозна и знаеш кој сум, а тоа ми е важно. Ова го пишувам за да ти се заблагодарам за се. за сите лекции што ми ги научи, и имаше многу од тоа.Секогаш ќе бидеш еден од најдобрите тренери што сум ги имал, секогаш ќе те поддржувам. Имавме убави моменти, но имавме и такви кои многу болат. Овој последниот ќе не боли долго време
Comments are closed for this post.