Бразилскиот фудбалер Нејмар е познат по тоа што знае да се почести со некое луксузно задоволство, а неговиот најнов каприц е новото превозно средство, односно персонализиран хеликоптер.
Ѕвездата на ПСЖ си купи Ербас Х-145 , еден од најновите модели на хеликиоптер од марката Ербас, целосно обоен во црно и со внатрешен дел насликан со мотиви од омилениот суперхерој на Нејмар, Бетмен.
Нејмер се пофали со својот нов превоз и со хеликоптерот допатува на тренинг на бразилската репрезентација, која се подготвува за настап на Копа Америка. Како што пишува порталот „УОЛ Спорт“, Нејмар „свртил кругче“ со дел од своите колеги од репрезентацијата како Артур од Барселона, Алан од Наполи, Едерсон и Фернандињо од Манчестер сити и Ричарлисон од Евертон.
Овој вид на хеликоптер може да пренесува десет патници и е дизајниран за цивилна употреба, за медицински цели, како и за акции за спасување. Ваков модел на хеликоптер употребуваат медицинската служба на американскиот град Бостон и планинската спасувачка служба на Канада, а чини околу 13 милиони евра.
Comments are closed for this post.