Газдите на Пари Сен Жермен ќе му понудат на Нејмар договор за помирување за да ги задржи двете страни среќни, пренесува „Спорт“.
Францускиот клуб сака да го задржи Бразилецот, затоа што не може да најде негова замена непосредно пред почетокот на сезоната.
Од „Парк де Пренс“ му ветиле дека ќе го продадат следното лето. Бразилецот сака да се врати во Барселона и во моментов не размислува за други опции.
Францускиот весник „Ле Паризиен“ објавува и вести за претстојното помирување меѓу фудбалерот и ПСЖ. Според весникот, Ал-Хелаифи и Леонардо сакаат да го вратат Нејмар во клупското семејство.
Поранешниот играч на Барса сè уште нема минути игра во претдсезонските натпревари за Каталонците, но е на камп со своите соиграчи.
Comments are closed for this post.