Жрепката за осминафиналето одреди Јувентус да игра против Атлетико Мадрид.Потпрестседателот на клубот од Торино Павел Недвед смета дека тие го добиле најтешкиот противник. Недвед очекува два натпревари со малку голови.

Не сме среќни. Нивниот стил на игра е повеќе италијански. Силни се во одбрана и имаат играчи како Антоан Гризман, кои знаат како да играат на контра-напад. Очекувам два изедначени натпревари со малку голови. Ни се падна најтешкиот противник, но нема проблем, изјави Недвед.