Македонската репрезентација е поразена во вториот меч на Светското првенство. Пораз од Холандија кој можеби и не го заслуживме иако не одигравме на нивото како против Унгарија.37-32

Немавме одговор за брзата игра на Холанѓаните и за убиствените контри. Кај Смитс пододуваше како од шега а одбраната ја немаше цврстината.Не одбранивме речиси ништо освен ако тоа не беше интервенција на Митревски.

Покрај Холаѓаните, Македонија како противник ги имаше и данските судии. Aтaнасиевиќ и Лазаревски беа престрого исклучени, а осум минути во првиот дел игравме со играч помалку.

Но, овој пораз не треба да се смета за нешто страшно. В недела играме со Гвинеја и со победа сме во втората фаза. И еден пренесен бод.