Алберто Нонино, младиот италијански атлетичар на последната трка имаше „незгода“. Нему од шорцевите му испадна пенисот и наместо да се концентрира на борбата за пласман, мораше да забави и да реши проблем со опремата.
Свесен сум дека очигледно е несреќен случај и би сакал да ви кажам дека сум свесен за реакцијата и дека не треба да ми праќате линкови до блогови – изјави Нонино.
Италијанецот истакна дека му било многу непријатно по завршувањето на трката.
– Сега се обидувам да се насмеам на тоа, но веднаш потоа се почувствував ужасно и благодарен сум на моите пријатели и семејството што ми помогнаа да го преболам она што се случи неколку часа порано.
Comments are closed for this post.