Екипата на Пари Сен Жермен уште еднаш доживеа неуспех во Лигата на Шампионите, откако загуби со 1:3 на „Парк де Пренс” од Манчестер Јунајтед во реванш-дуелот од осминафиналето. Французите отпаднаа поради правилото за повеќе голови на гостински терен со вкупен резултат од двете средби 3:3.
Од популарниот сајт „Спорт Бајбл” проценуваат дека ПСЖ има потрошено повеќе од 1 милијарда фунти за купување на играчи од 2011 година наваму. ПСЖ освојува титула по титула во Франција, но се уште не успева да ја мине четвртфиналната фазата на Лигата на шампионите.
Најголемиот трансфер е на бразилската суперѕвезда Нејмар од Барселона во 2017 година, за кого „принцовите” дадоа 222 милиони евра. Во летото 2018 година, пак, ПСЖ плати околу 180 милиони евра на Монако за Килијан Мбапе, а во претходните сезони, Французите исто така не е штедеа средства за привлекување на нови фудбалери.
Од изданието се повикуваат на статистиката на „ТрансферМарк” и од неа се гледа дека откако „Катар Инвестмент Ауторити” го презема управувањето на клубот, ПСЖ инвестирал навистина преголеми суми за зајакнување на тимот, но резултатите во Лигата на Шампионите се благо речено незадоволителни.
Од 2012 година наваму, ПСЖ има 4 последователни испаѓања во четвртфиналето, следени од 3 последователни порази во осминафиналето. Во 2017 година, Пари Сен Жермен допушти да биде отстранет од Барселона, иако победи со 4:0 во првата средба во француската престолнина, а синоќа ПСЖ потроши предност од 2:0 (победа како гостин) против Манчестер Јунајтед
Comments are closed for this post.