Тројца навивачи се повредени, од кои еден е во животозагрозувачка состојба, а настрадаа и двајца полицајци во саботната пресметка во Мостар меѓу 200 хулигани, навивачи на градските фудбалски ривали Вележ и Зрињски.

Инцидентите се случија во центарот на градот, кога двете навивачки групи започнаа меѓусебна пресметка со дрвени палки, шишиња и други тврди предмети.

Еден од повредените навивачи е пренесен во локалната болница со повреди сериозни по неговиот живот, а при интервенција за смирување на состојбата полесно се повредени двајца полицајци