Jуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија денеска ќе игра во полуфиналето на Европскиот шампионат Тие вчера ја декласираа селекцијата на Естонија со 92-57 и обезбедија пласман во полуфиналето. 
Во полуфиналето кое се игра од 19:30 часот Македонија ќе се игра со победникот од мечот Израел и Шведска.
Со победата над Естонија, Македонија обезбеди две шанси за промоција во А дивизијата во која одат трите најдобри репрезентации. Првата прилика за влез во елитата ќе ја имаме во полуфиналната пресметка со подобриот од Израел и Шведска. Доколку загубиме, поправен испит ќе имаме во малото финале со поразениот од дуелот помеѓу Полска и Чешка