Сопственикот на британската компанија „ИНЕОС“, Џим Ретклиф, го купи францускиот фудбалски клуб Ница.

Шеесет и шестгодишниот Ретклиф, кој важи за најбогатиот човек во Велика Британија, со богатство од околу 21 милијарда фунти за Ница дал меѓу 100 и 120 милиони евра, објавија француските медиуми. Тоа е најголема зделка во историјата на француската „Лига 1“.

Ретклиф е голем љубител на фудбалот. Тој е сопственик на швајцарска Лозана, а претходно се обиде и да го купи Челзи од Роман Абрамович.