Најбогатиот Албанец Беџет Пацоли, лидерот на Алијансата за ново Косово (АКР), еден од најбогатите Албанци во светот се огласи дека плати казната за Швајцарскиот Албанец Гранит Џака кој на мечот со Србија носеше маица со ликот на основачот на УЧК Адем Јашари.
– Ако името Јашари ја загрижува ФИФА или светот, а Гранит Џака биде казнет што го носи ова свето име по натпреварот, казната ќе ја платам лично во името на албанскиот народ – рече Пацоли.
По победата над Швајцарија, тој на својот Твитер профил се огласи со порака „два албански лава против Србија, честитки за победата“.
Comments are closed for this post.