По силните проблеми со австралиските власти се чини дека Новак Ѓоковиќ сепак ќе ја брани титулата на Австралија опен,
Сите се надеваме дека во Мелбурн ќе биде постигнат рекордот за освојување грен слем титули и влегување во историјата на тенисот.
Ја чекаме ждрепката, ги чекаме противниците и наскоро ќе имаме можност да го проследиме натпреварувањето во Австралија кое започнува на 17 јануари, а квалификациите во моментов се во тек во Мелбурн парк.
Ждрепката ќе се одржи во четврток на 13 јануари кога ќе бидат познати противниците на најдобриот светски тенисер на патот до титулата.
Нормално дека за прв носител на турнирот е назначен Новак Ѓоковиќ, па до финалето на турнирот нема да може да се сретне со вториот тенисер во светот Данило Медведев.
Во полуфиналето би го чекале Александар Зверев или Стефанос Циципас, додека противник во четвртфиналето би бил Рафаел Надал; Андреј Рубљев, Матео Беретини или Каспер Руд.
Најтешки можни противници во осминафиналето беа Денис Шаповалов или Јаник Синер, а тука се и Гаел Монфис, Диего Шварцман, Роберто Баутиста.
Comments are closed for this post.