Рафаел Надал одигра катастрофален меч губејќи од Хуркач со 6-1, 6-3 на турнирот во Рим, меч на кој уште еднаш стана очигледна немоќта на шпанскиот тениски великан пред самиот крај на неговата кариера, објави Екипа.
Надал неодамна изјави дека не се чувствува најподготвен за настап на својот омилен гранслем турнир Ролан Гарос, а по денешниот неуспех повтори дека дилемата на оваа тема се уште постои.
„Ако се чувствувам добро, ќе бидам на теренот за да се борам за она за што се борев во последните дваесет години. Постојат две гледишта, да мислам дека не сум подготвен поради ова што се случи денеска, што е разбирливо. Другата опција е во следните две седмици да работиме напорно и да го промениме тоа. Иако ова беше тежок пораз и фрустрирачки ден, се уште не знам дали ќе играм на Ролан Гарос, но чувствувам дека сум поблиску до опцијата да се обидам да настапам. Денеска е невозможно трезвено да се размисли и да се донесе одлука, ќе видиме што ќе се случува во наредниот период. Мислам дека физички не беше толку лош, но се надевам дека ќе заминам на Ролан Гарос и ќе имам шанса да се борам за се она за што сонувам да се борам“, изјави Надал.
Comments are closed for this post.