Претендентот за број еден на крајот на годината, Рафаел Надал, одби да учествува во „Мастерсот“ во Шангај, кој започнува следната недела.
Победникот на Ролан Гарос и „Ју Ес Опен“ оваа година го повреди зглобот за време на „Лејвер Купот“ во средината на септември и оттогаш се лекува.
Тој не успел да се опорави и ќе одмора одреден период.
Жал ми е што нема да можам да играм во Шангај оваа година. Тоа е одличен турнир во еден од најспецијалните градови во светот. Го повредив зглобот за време на „Лејвер Купот“. Не можев да се опоравам и да се подготвам правилно за овој прекрасен турнир. Се надевам дека ќе се вратам во 2020 година, изјави Надал за официјалната веб-страница на турнирот.
Неговото евентуално враќање на теренот се очекува за Мастерсот во Париз кон крајот на октомври, а потоа и на завршниот АТП турнир во Лондон.
Освен Матадорот, еден куп познати имиња пропуштаат натпревари во Шангај. Повредени се Кеј Нишикори, Хуан Мартин дел Потро, Кевин Андерсон, Милош Раониќ и Стен Вавринка, а Ник Кириос е казнет со парична казна.
Comments are closed for this post.