Иако сите би помислиле дека Роман Абрамович ги влече сите конци во Челзи тоа не е така. Во клубот главна карика е убавата Русинка Марина Грановскаја.

Роман во неа има голема доверба и ја назначи за член на Управниот одбор. Марина има главна улога за тоа кој играч ќе стане нов играч на Сините од Стенфорд Бриџ.

По нејзина заслуга Жозе Мурињо го имаше својот камбек во Челзи а желба на Марина беше да се доведе и Игуаин пред неколку дена.

Покрај познавањето во фудбалот, Марина важи за една од најубавите Русинки.